Во иднина, Народната банка на Швајцарија би можела да биде принудена да одржува стратешка резерва на биткоини во својот биланс. Оваа идеја е предложена од граѓани и експерти собрани во тинк-тенкот „2В4СН“.
Тие и официјално почнаа да ја собираат потребната документација и да изработуваат предлог до владата уште во април 2024 година, но за слична иницијатива зборуваат од 2021 година.
Конечно, кон крајот на декември успеаја да ги надминат сите регулаторни пречки, па нивната иницијатива беше официјализирана.
На 31 декември официјалниот федерален весник ја објави одлуката за покренување на народната иницијатива „За финансиски здрава, суверена и одговорна Швајцарија“. Оваа одлука значи дека иницијаторите сега имаат рок од 1,5 година, односно до крајот на јуни 2026 година да соберат 100.000 потписи за поддршка. Доколку успеат, владата ќе мора да го стави нивниот предлог на референдум.