Швајцарска компанија користи CO2 од воздухот за својата газирана вода

112

Фото: Coca-Cola HBC Switzerland

Coca – Cola HBC Switzerland, компанија за полнење на шишиња од Швајцарија, во сопственост на Coca – Cola, со помош на специјална технологија го искористува јаглерод диоксидот од воздухот за газирање на водата Valser.

Нивен добавувач е Climeworks, компанија што го “заробува“ CO2 директно од воздухот, со помош на специјални колектори коишто го апсорбираат воздухот во нив. Откако ќе биде внатре, тие со филтри го задржуваат јаглерод диоксидот, слично на дрвјата во природата, пишува Fast Company.

Штом филтерот ќе се наполни, колекторот се загрева испуштајки го гасот во чиста форма, којшто потоа може да се складира под земја. Преку оваа технологија, почнувајќи со индустријата за газирани пијалоци Climeworks се надева дека барем малку ќе придонесе за намалување на CO2 во воздухот.

Моментално процесот на апсорбирање на јаглерод диоксид во водата е прилично скап. Сепак, штом оваа технологија стане поевтина во иднина ќе можат да ја користат и други индустрии и да придонесат за поздрава животна средина.