Фото: Facebook
Швајцарскиот производителот на чоколади и какао, Barry Callebaut, потпиша меморандум за разбирање со српските власти за изградба на првата фабрика за чоколади во југоисточна Европа.
Се очекува фабриката да биде изградена во Нови Сад, со капацитет од 50.000 тони годишно, а планирано е да почне со работа во 2021 година. Вкупниот обем на инвестиции за пет години ќе достигне околу 50 милиони евра.
Инаку, Barry Callebaut пред две години претстави чоколадо со карактеристична розова боја, под името Ruby.