Швајцарските ски центри оваа сезона скоро празни

43

skijanje-pexels

Фото: Pexels

Поради силниот франк, скапите швајцарски скијачки центри станаа уште поскапи, па скијачките терени сред сезона се скоро празни.

Дури и центрите кои досега и се спротивставуваа на глобалната криза, како Сент Мориц, бележат драстично намалување на бројот на посетители. Некои скијачки центри од почетокот на кризата во 2008 година изгубија третина од гостите, пишува Дојче Веле.

Кризата е видлива и по тоа што се нудат намалувања на цените на ски пакети кои пред некоја година беа незамисливо скапи. На пример, ски картите се нудат за една третина од вообичаената цена.

Освен јакнењето на франкот во однос на еврото, врз намалувањето на бројот на гости во Швајцарија влијае и кризата во Италија, од каде во изминатите години доаѓаа значителен број туристи.

Гостите од ЕУ повеќе се одлучуваат за Австрија или за некои поповолни ски ресорти во источна Европа.