Швајцарската економија порасна за 0,6 отсто во првиот квартал

Швајцарската економија порасна за 0,6 отсто во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Швајцарскиот државен секретаријат за економија (SECO).

Евидентираниот раст на БДП на меѓугодишно ниво е во согласност со очекувањата на пазарот.

Во споредба со претходниот квартал, швајцарскиот БДП порасна за 0,3 отсто и со тоа ги надмина пазарните очекувања за квартален раст од 0,1 отсто.

Личната потрошувачка е зголемена за 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, како и инвестициите во опрема и софтвер – за 2,6 отсто на квартална основа.

Извозот квартално пораснал за 4 отсто, но не можел да го следи увозот кој во истиот период пораснал за 5,4 отсто.