
Економијата на Швајцарија стагнира во вториот квартал, по закрепнувањето на почетокот на годината, бидејќи намалените инвестиции ја анулираа стабилната лична потрошувачка, соопшти Министерството за економија (SECO).
Бруто домашниот производ (БДП) остана на нивото од првите три месеци од годинава, кога бележи пораст од 0,9 отсто, кога се исклучени спортските настани.
А, вклучувањето на спортските настани, заедно со рекреативните активности, како и извозот и увозот на услуги, покажува стагнација на активностите во периодот од април до јуни и забавен раст на БДП во првите три месеци од годинава, за 0,3 отсто. Додадената вредност во индустријата е намалена во периодот од април до јуни, а во услужниот сектор повторно бележи натпросечен раст, покажуваат податоците на министерството.
Личната потрошувачка е зголемена за 0,4 отсто, а државната потрошувачка е речиси непроменета во однос на првите три месеци од годинава. Инвестициите на компаниите во опрема и софтвер се намалени за 3,7 отсто.
Извозот на стоки е намален за 1,2 отсто, а извозот на услуги е зголемен за 2,6 отсто. Најмногу е намален увозот на стоки и тоа за 7,2 отсто, а увозот на услуги е зголемен за 1,5 отсто. На годишно ниво, швајцарската економија пораснала за само 0,5 отсто во периодот од април до јуни, по растот од 1,5 отсто во првите три месеци од оваа година.
Кога ќе се исклучат спортските настани, стапката на раст во вториот квартал бил 1,1 отсто, а на почетокот на годината 1,8 отсто.