Шведска ја забранува опремата за 5G од Huawei и ZTE

30

Шведска донесе одлука од безбедносни причини да ја забрани употребата на телекомуникациска опрема на кинеските технолошки компании Huawei и ZTE во својата 5G мрежа, пренесува Ројтерс.

На тој начин скандинавската земја им се приклучи на другите европски земји што ја ограничија улогата на кинеските добавувачи во изградба на мрежен систем од новата генерација.

Според надлежните регулаторни тела во Шведска, одлуката е донесена по советите на оружените сили и безбедносните служби, коишто Кина ја опишаа како “една од најголемите закани за Шведска“.

Европските влади ја заоструваат контролата над кинеските компании што градат 5G мрежа, по дипломатскиот притисок на Вашингтон, којшто тврди дека Пекинг би можел да ја користи опремата на Huawei за шпионажа.

Фото: Freepik