Шведска компанија гради фабрика за батерии во Германија и отвора 3.000 работни местa

17

Шведскиот производител на батерии Northvolt започна со изградба на фабрика за батерии во Германија, во која планира да инвестира 4,5 милијарди евра.

Според Хина, фабриката во близина на градот Хајде  ќе произведе до еден милион батериски ќелии за електрични автомобили и ќе отвори 3.000 работни места.

Northvolt планира масовно производство на „најзелената батерија во светот“, а почетокот на производството се очекува во 2026 година.

Планот е и изградба на фабрика за рециклирање стари батерии за електрични автомобили.