Шведска лидер во ЕУ: Скоро секој втор менаџер е жена, Хрватска и Кипар на дното

Во 2024 година, 35,2 проценти од сите менаџерски позиции во Европската Унија биле окупирани од жени, во споредба со 31,8 проценти во 2014 година.

Жените беа повеќе застапени кај младите менаџери (39,0 проценти од сите менаџери во возрасната група од 15 до 39 години), а уделот се намалуваше со возраста. 34,4 проценти од менаџерите на возраст од 40 до 64 години беа жени, а 26,5 проценти од оние над 65 години беа жени, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Меѓу земјите од ЕУ, пред две години, најголем удел на жени на менаџерски позиции беше забележан во Шведска (44,4 проценти), по што следуваа Латвија (43,4 проценти) и Полска (41,8 проценти).

Најнизок удел имаше во Кипар (25,3 проценти), Хрватска (27,6 проценти) и Италија (27,9 проценти).

Од 2014 година, 24 земји од ЕУ забележаа зголемување на уделот на жени на менаџерски позиции. Најголемо зголемување е забележано во Луксембург (+13,7 процентни поени (п.п.)), Малта (+10,1 п.п.) и Кипар (+7,9 п.п.).

Спротивно на тоа, Словенија (-3,8 п.п.), Латвија (-0,7 п.п.) и Литванија (-0,2 п.п.) забележаа намалување.