Шведска забрани снимање со дрон

22

dronВрховниот суд во Шведска донесе одлука со која се забранува употреба на дронови со вградена камера на јавни места, ако корисникот не поседува посебна дозвола.

Судот наведе дека сопствениците на вакви беспилотни летала ќе мора да добијат посебна дозвола за снимање, а во спротивно сите прекршувања на законот ќе бидат санкционирани со високи парични казни.

Властите во Шведска сметаат дека со оваа одлука ќе се зголеми безбедноста и спречувањето на користењето на овие летала за криминални дела.

Пред одлуката на оваа скандинавска земја, повеќе од 1.000 поединци и корпорации веќе се регистрирале во шведската Агенција за транспорт со цел да добијат дозвола за комерцијална употреба на дронови кои ќе бидат употребени за фотографски цели, пишува BBC.