Шведски бренд отвора 300 работни места во Љубљана

68

Шведскиот производител на мебел, Ikea најавува отворање на 300 работни места во Словенија. Како што најавуваат тамошните медиуми, се бараат продавачи, логистичари и лица за работа во ресторан и други сегменти од продавницата во Љубљана.

“На почетокот на следната година ќе може да примаме купувачи во Словенија“, изјави Цаска Лахерт, менаџер на Ikea Словенија, кој врши надзор на изградбата на објектот во Љубљана од крајот на ноември. Според неговите зборови, зградата е готова од надвор, а се чека работа на внатрешноста.

Вработените во новата продавница на Ikea во Љубљана ќе бидат избрани во октомври, а потоа ќе се работи на нивна едукација.

Според Лахерт, за работа се заинтересирани и Словенци коисе вработени во најблиските продавници на Ikea. Тој не открива за колкава плата ќе работат, но вели дека на вработените ќе им бидат понудени погодности како што е приватно пензиско осигурување и дополнително здравствено осигурување.

Фото: Facebook