Вработените во дом за стари лица во Шведска се дел од експеримент поврзан со работното време, за да утврдат дали работата ќе трпи или ќе се зголеми квалитетот на работа и ефикасноста, пишува The Guardian.
Наместо осум, медицинскиот персонал работи шест часа, што внело радикални промени во нивниот живот. Ваквиот експеримент трае од февруари, а платата на медицинските сестри остана на исто ниво.
“Претходно, цело време бев исцрпена, а кога ќе дојдев дома и легнав на кревет. Но, сега имам многу повеќе енергија за работа и за семејниот живот“, вели Лис Лот Петерсон, една од 82-те медицински сестри во домот за стари лица во Гетеборг.
Во сервисниот центар на Toyota работното време од осум на шест часа е скратено веќе 13 години, платата остана иста и никој не се пожалил на таа одлука. Претходно, како што велат, клиентите биле незадоволни бидејќи работниците биле под постојат стрес и често правеле грешки. Во овој сервис се вработени 36 механичари, а профитот поради промената на работното време на вработените порасна за 25%.