Швеѓаните користат сè помалку кеш, но кои се ризиците?

76

Шведска порано беше една од водечките земји во однос на безготовинските плаќања. Пандемијата на коронавирусот, сепак го забрза напуштањето на банкнотите и монетите во земјата.

Шефот на шведската централна банка, Стефан Ингвес, неодамна откри дека некои млади Швеѓани повеќе не ни знаат како изгледа готовината. Но, според него иднината без готовина носи одредени ризици, пренесува Bloomberg.

“Преминувањето кон дигитални трансакции нуди голем број придобивки, вклучително и транспарентност, што го прави перењето пари и затајувањето данок многу тешко. Но, што се случува ако дигиталните мрежи се исклучат? Исто така, мора да се земат предвид ризиците од сајбер напади. Ваквите настани можат да направат многу поголема штета отколку старомодните грабежи на банка“, изјави Ингвес за Bloomberg, инсистирајќи на тоа дека на Шведска ѝ е потребна набавка на готовина ако “светлата се изгаснат“.

Денес, Швеѓаните уште повеќе почнаа да се откажуваат од готовина поради пандемијата. Тие велат дека безконтактната исплата е најсоодветен начин за плаќање затоа што претставува минимален ризик по здравјето. Шведската банка Klarna проценува дека 73% од плаќањата со картички на нивните клиенти сега се бесконтактни, во споредба со 63% пред пандемијата. “Луѓето не сакаат да допираат пари и сметки, па дури ни клучеви“, соопштија од Klarna.

Фото: Pixabay