Швеѓаните сакаат дигитална круна

102

Швеѓаните помалку од 10% од паричните трансакции ги вршат во готовина и размислуваат за замена на круната со дигитална валута.

Шведска е во групата земји во светот што најмалку користат готовина. Од таа причина, властите во Шведска испратија прашалник за истражување на премин од хартиена на дигитална валута.

Во скандинавската земја сè помалку луѓе ги користат хартиените банкноти, а властите сметаат дека брзиот технолошки развој и дигитализацијата се позитивни бидејќи создаваат услови за иновативни решенија, а ќе овозможат и поголема потрошувачка.

Негативната страна од воведување на дигитална валута во Шведска се однесува на комплицираноста со којашто би се соочиле постарите лица и најсиромашните делови од населението.

Фото: Pixabay