Во Шведска во ноември е соборен рекордот кога е во прашање продажбата на електрични автомобили.
Кога се работи за патнички возила, уделот на електричните автомобили достигна 38,7%, што е значително повеќе во споредба со 14% во ноември лани.
Од друга страна, продажбата на традиционални автомобили со бензин или дизел мотори се намали за 37,1%, што значи дека електричните автомобили за првпат ги надминале.
Пред само два месеца, кога продажбата на конвенционални автомобили се намали за 50% од вкупниот пласман, пазарот на електрични автомобили дополнително го забрза растот.
Во ноември се продадени 10.237 електрични од вкупно 26.500 нови возила. Поголем придонес имаат хибридните со 28,5%, додека оние со батерија зафаќаат 10,2% од пазарот.
Најпродаван модел во ноември во Шведска бил Volkswagen ID.3.
Фото: Freepik