Си заминува главниот извршен директор на UniCredit

89

Главниот извршен директор на UniCredit, Жан Пјер Мустир, објави дека си заминува од групацијата по истекот на мандатот во април следната година. Неговата одлука доаѓа по несогласувањата со одборот на директори околу деловната стратегија.

Мустир изјавил дека “во изминатите неколку месеци станало очигледно дека неговата визија за UniCredit веќе не кореспондира со актуелните гледишта на одборот на директори“.

Тој одлучил да си замине од групацијата на крајот на мандатот во април следната година, за да “може новиот одбор да ја разработи идната стратегија“.

Францускиот банкар во повеќе наврати се обидел да преземе банки во странство за потоа целосно да се откаже од спојувања и аквизиции, што е во расчекор со бранот консолидации во италијанскиот банкарски сектор, потсетува Ројтерс.

Наследникот на Мустир ќе биде избран по “детален и ригорозен изборен процес којшто ја одразува посветеноста на групацијата за силно корпоративно управување“, објави UniCredit.

Фото: Facebook