Siemens инвестира 100 милиони долари во стартапи

40

SiemensИнвестициската дивизија на германски Siemens стартува нов инвестициски фонд од 100 милиони долари кој ќе инвестира во стартап фирми. Siemens Venture Capital ќе инвестира во млади, иновативни фирми кои развиваат технологија на подрачје на автоматизација на производството и други технологии кои можат да го “трансформираат” стандардното производство, соопштуваат од Siemens.

Во последните неколку месеци оваа германска компанија инвестираше во два стартапи, еден за 3Д визуализација и во компанија која произведува сајбер заштита.

Според соопштението на компанијата, новиот фонд ќе поддржува фирми во раната фаза на нивниот животен циклус и има за цел да поттикне партнерства со компании кои ќе ги трансформираат индустриските пазари или да создаде сосема нови, преку пионерски технологии.