Сигма наскоро отвора нов продажен салон во ГТЦ

38

Sigma photo

СИГМА отвора нов продажен салон за италијански златен накит во Градскиот трговски центар. На големо задоволство на сите обожаватели на италијанската мода и на уникатен, перфектно изработен златен накит од инвентивните италијански дизајнери, а пред сè благодарение на поддршката и довербата од потрошувачите, од СИГМА за следната недела најавуваат големо отворање на новиот изложбен простор во комплетно ново и автентично руво.

Новиот продажен салон, лоциран на приземјето во Градскиот Трговски Центар ќе биде со помодерен дизајн и покомфорен простор, а ќе го одликуваат стилски финеси од најновите светски дизајнерски трендови кои се чекор пред времето. Новиот продажен салон е комплетно место каде се имплементирани најнови визуелно светлосни ефекти кои се користат и во продажните салони на врвните светски брендови за накит.

Водени од желбата да се одговори на најсуптилните потреби на клиентите, како и од идејата да се создадат катче за врвно аудио и визуелно уживање, тимот на Сигма создаде комплетно ново и единствено место во градов кое ќе биде омилено катче за сите оние што се во потрага по стилизирани, златни парчиња накит со напреден дизајн, широка палета на производи за сечии можности, вкус и за секоја прилика.

Брендот СИГМА е присутен на пазарот скоро 14 години, од кои повеќе од три во Градскиот Трговски Центар. Благодарноста за успешното работење и посветеноста за врвна услуга на своите клиенти ја насочуваат кон илјадниците досегашни задоволни купувачи и многуте нови кои ќе можат да уживаат во производите и услугата. Од компанијата во иднина најавуваат уште многу нови проекти и амбициозни планови, преточени во уште пософистицирана услуга и производи, работење рамо до рамо со актуелните светски трендови и изненадувања за своите клиенти кои го заслужуваат само најдоброто.