Сикорски: САД имаат огромен суфицит во извозот на услуги во ЕУ

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски  го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека трговијата со Европа е неповолна за земјата, наведувајќи дека САД имаат „огромен“ суфицит во трговијата со услуги со ЕУ.

„Се надевам дека сите учесници ги базираат своите мислења и одлуки на факти. Додека Европа има суфицит во трговијата со видливи стоки (со САД), САД имаат огромен вишок во извозот на услуги“, рече Сикорски за новинарите во Брисел, објави Политико.

Сикорски рече дека секој пат кога некој од ЕУ користи Uber, „некој дел од таксата оди во САД“.