Силен пад на побарувачката за автомобили во февруари

55

Европската побарувачка за автомобили повторно бележи силен пад во февруари под влијание на рестриктивните мерки заради сузбивање на пандемијата, покажува анализата на здружението на производители на автомобили.

Во вкупно 26 земји членки од Европската унија (без Малта) во февруари се регистрирани 771.486 нови автомобили, најмалку во тој месец од 2013 година.

Податоците покажуваат пад на европската побарувачка за автомобили за скоро една петтина на годишно ниво, а во јануари е регистриран пад од 24%.

Најголем пад на побарувачката има во Шпанија и тоа за 38,4%, по што следат Франција, Германија и Италија каде што има намалување за една петтина. Најблаг пад има во Италија којашто регистрира 12% помалку нови автомобили одошто во истиот период лани.

Во првите два месеци од оваа година во 26 земји членки на ЕУ се регистрирани вкупно 1,4 милиони нови автомобили, за 21,7% помалку одошто во истиот период лани.

Фото: Pexels