Силен раст на продажбата на автомобили во ЕУ на почетокот на 2023 година

98

Продажбата на нови автомобили во ЕУ силно се зголеми и на почетокот на 2023 година, покажаа во вторникот податоците од здружението на производители ACEA.
Во 26-те земји на Европската унија, без Малта, во јануари се регистрирани повеќе од 760 илјади нови автомобили, пишува ACEA, за 11,3 отсто повеќе отколку на почетокот на првиот месец од минатата година.

Единствен исклучок од позитивниот тренд е Германија. На тој најголем пазар на ЕУ, продажбата во јануари паднала за 2,6 отсто, а причините секако може да се препишат на постојаното зголемување на цената на новите автомобили.

Од друга страна, најголем раст има во Шпанија, каде продажбата на нови автомобили порасна за 51,4 отсто.