Силен раст од 18,5% на продажбата на автомобили во ЕУ

Речиси милион нови автомобили се регистрирани во земјите на ЕУ во мај, поточно 938.950 возила, што е за 18,5 отсто повеќе од минатиот мај, објави  Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Ова е десетти последователен месец на раст на бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ, додава ACEA.

Раст на годишно ниво е забележан на сите најважни европски пазари на автомобили, а најголем е во Италија – 23,1 отсто, Германија – 19,2 отсто и Франција – 14,8 отсто.