
Германскиот инженерски оддел на Сименс планира да инвестира дополнителни 500 милиони евра во истражувачки и производствени капацитети во баварскиот град Ерланген.
Сименс планира да ги прошири постојните производствени капацитети во Ерланген и да ги претвори тие капацитети во нов високотехнолошки кампус, изјави извршниот директор на Сименс, Роланд Буш. Буш рече дека инвестицијата ќе отвори нови работни места, но не прецизираше колку, пишува SEEbiz.
Во светски рамки, Сименс најави инвестициска иницијатива од околу две милијарди евра, од кои приближно половина ќе бидат во Германија.
Компанијата најави и инвестиции во САД, Кина, Сингапур и Шпанија. Во Германија, Сименс најави инвестиции во Франкфурт, баварскиот град Форхајм и други локации во Ерланген.
Портпаролот на компанијата рече дека Siemens и Siemens Healthineers вработуваат околу 20.000 луѓе во Ерланген.
Буш рече дека не гледа дека Сименс се спротивставува на трендот на големи инвестиции во индустриски погони во Германија, каде неодамна имаше жива јавна дебата за ризикот од деиндустријализација.











