Сименс забележа рекордна загуба од 2,9 милијарди евра поради проблеми со ветерниците

84

Германската енергетска компанија Сименс Енерџи во понеделникот објави загуба од 2,9 милијарди евра во третиот квартал од својата фискална година, што е најголема загуба откако е основана во 2020 година како подружница на германскиот индустриски производител Сименс.

На разочарувачките резултати главно влијаеја трошоците на подружницата на ветерни турбини Siemens Games и поврзаните негативни даночни ефекти.

Приходите на компанијата Сименс енерџи се зголемија во вториот квартал од годинава за осум отсто, на 7,5 милијарди евра. Компанијата сега очекува рекордна загуба од 4,5 милијарди евра во целата финансиска година, која трае до крајот на септември.