Симпо станува државна сопственост

79

simpoРаководството на српскиот произведувач на мебел Симпо го прифати предлогот на министерот за финансии Млаѓан Динкиќ даночниот долг да се претвори во акции на државата. На овој начин државата станува мнозински сопственик на претпријатието. Според предлогот на министерот Динкиќ, државата така би имала 70% од капиталот на претпријатието Симпо.

Симпо истовремено се обврза од денес редовно да ги плаќа сите даноци кон државата и придонесите на работниците, за што ќе биде потпишан посебен протокол.

Министерството за финансии соопшти дека решавањето на проблемите на Симпо пред се е во интерес на 5.000 работници и додаде дека сите претпријатија во Србија, мали и големи, државни и приватни, мораат да имаат потполно ист даночен третман, пренесуваат српските медиуми.

Сметката на компанијата беше блокирана во петокот поради даночен долг од скоро 43,8 милиони евра.