Сингапур го добива “најзелениот“ аеродром во светот

20

Фото: Safdie Architects

Во Сингапур е изграден еден од најнеобичните и “најзелени“ аеродроми во светот, што за патниците ќе биде отворен на 17-ти април, пишува Wallpaper.

Новата аеродромска зграда на 10 ката, ќе биде една од најголемите туристички атракции во земјата. Аеродромот, што го носи името Jewel Changi, се протега на површина од 130.000 метри квадратни, а чини 1,1 милијарди евра. Аеродромот ќе потсетува на ботаничка градина поради големиот број на растенија, а ќе има и 280 продавници и ресторани, како и хотел со 130 соби.

Зад дизајнот на овој импресивен аеродром стои архитектонското студио Safdie Architects.