Сингапур најконкурентна земја во светот, Македонија на 82-ро место

35

Сингапур ги симна САД од тронот и стана најконкурентна земја во светот, според извештајот на Светскиот економски форум (World economic forum – WEF).

Меѓу 10-те најконкурентни земји, освен Сингапур, се и: САД, Хонг Конг, Холандија, Швајцарија, Јапонија, Германија, Шведска, Велика Британија и Данска.

Од земјите во регионот, најдобра позиција има Словенија – 35 во светски рамки. Потоа следуваат: Бугарија (49), Грција (59), Хрватска (63), Србија (72), Црна Гора (73) и Албанија (81). Македонија, според извештајот на WEF, е 82-ра од вкупно 141 земја во светот. Зад нас, од земјите во регионот е само Босна и Херцеговина, што заврши на 92-ра позиција.

На дното на листата се најдоа: Конго, Јемен и Чад.

Извештајот за глобалната 9конкурентност за оваа година прави проценка на 103 клучни индикатори, а опфатени се 141 земја во светот.

Индикаторите се поделени во 12 важни столбови: институции, инфраструктура, примена на ИКТ, макроекономска стабилност, здравје, вештини, пазар на производи, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, динамика на бизнисот и капацитет за иновации.

Фото: Pixabay