Сингапур забранува зголемување на бројот на автомобили

42

singapore-1398279_960_720

Фото: Pixabay

Сингапур, една од најскапите држави за поседување на возило, од следната година ќе престане да го зголемува вкупниот број на автомобили на своите патишта, пишува Bloomberg.

Почнувајќи од февруари следната година, владата ќе ја намали годишната стапка на раст за автомобили и мотоцикли од 0,25% на нула.

Инфраструктурата во оваа држава е меѓу најефикасните во светот и во следните пет години владата ќе инвестира повеќе од 21 милијарда долари во железничкиот и автобускиот транспорт.

Сопствениците на автомобили ќе мора да купуваат специјални дозволи коишто ќе им овозможат да ги поседуваат своите возила во следните 10 години. Дозволите ќе бидат со ограничен број и ќе се продаваат на аукција еднаш месечно.

Овој закон ќе се однесува на возила од  A, B и D категорија, односно ќе бидат вклучени автомобили и мотоцикли. За автобусите и товарните возила стапката на раст за автомобили ќе остане 0,25% годишно до март 2021, со цел да им се даде време на претпријатијата за подобрување на ефикасноста на нивното работење и намалување на бројот на комерцијални возила што им се потребни.