Синпекс, компанија за која секој клиент е пријател

834

sin 2

Скоро 25 години Синпекс се грижи за квалитетот на услугите и односите што ги гради со своите клиенти. Синпекс започна како компанија која продава трактори и приклучна земјоделска механизација, а денес во овој сектор остварува околу 60% од вкупниот промет, најмногу поради врвните брендови што ги застапуваат – John Deere, Tafe, DeLaval… Во својата понуда имаат и парковска и шумарска опрема од врвните Husqvarna, Gardena, Tomos, како и градежна опрема на брендовите Liebherr, Wacker и Husqvarna Construction.

sin 5“Земјоделството и механизацијата се дел од фамилијарната традиција долга 50-тина години. Нашиот покоен татко беше технички директор на ЗК Пелагонија и Професор по Механизација, па јас и брат ми уште како деца растевеме по полињата на Пелагонија со John Deere брендот и тогашните водечки југословенски имиња во земјоделската механизација.

Со тек на време се јави потребата од проширување на палетата на производи и денес сметаме дека имаме една оптимална и многу квалитетна понуда за неколку таргет групи. Она што најмногу не радува и прави горди се врвните брендови кои ги застапуваме. Тие се душата на Синпекс, со нив растеме, се развиваме и ги следиме нивните стандарди и начини на работа”, вели Христина Фуна, финансиски директор и косопственик на Синпекс.

sin 1

Пред неколку месеци Синпекс од Битола се прошири во уште два града во Македонија. Отворија нов изложбено деловен објект во Скопје и претставништво во Струмица. Според Фуна, новиот деловен простор во Скопје бил неопходен уште одамна поради градежната активност на главниот град.

“Струмица е македонскиот земјоделски центар, па чувствуваме дека треба да сме присутни и таму со свое претставништво. Доколку овие центри продолжат со својата успешна приказна, се надеваме дека ќе можeме за година – две да се пофалиме со уште два нови деловни објекти низ Македонија. Во исто време развивме и дилерска мрежа од околу 20-тина продавници, па така сега не има “насекаде” низ Републиката”, додава Фуна.

sin 4 obuka

Но, Синпекс не е фирма што се занимава само со трговија. Квалитетниот тим дел од своето време им посветува на земјоделците, нудејќи им помош, приближувајќи им ги трендовите и иновациите, советувајќи ги како да ги подобрат приносите.

“Воочивме голем јаз помеѓу светските трендови на почвена обработка и земјоделските активности во Македонија. Исто така се забележува огромна разлика од новите светски иновации во механизацијата и старите машини кои ги користи македонскиот земјоделец. Затоа се трудиме со многу предавања, обуки и семинари да ја развиеме свеста и да едуцираме, со цел подобрување на приносите, но и олеснување на работата, и секако, намалување на трошоците. Се трудиме на земјоделците максимално да им помогнеме при аплицирањето во ИПАРД фондовите, како и во апликациите во Националната програма за рурален развој.

Знаењето и искуствата ги споделуваме безрезервно, се со цел секој наш купец да е задоволен за секој денар што го оставил во нашата фирма. Нашата цел е да добиеме ПРИЈАТЕЛ во секој наш КУПЕЦ, свесен дека СИНПЕКС не е место каде по секоја цена мора да му се продаде, туку место каде пријателски, совесно ќе биде советуван што точно треба да набави”.

sin tim

Во компанијата, во која работат 45 вработени, се работи тимски, се негува пријателскиот однос, но многу се внимава на доедукацијата и дополнителни обуки на кадарот. Според Христина, вложувањето во знаењето на вработените е вложување во развојот на самата компанија.

“Се трудиме секој вработен да добие соодветна обука за секоја работна позиција. Најчесто тоа се обуки во едукативните центри на брендовите што ги застапуваме и истите се од техничка природа. Сега развиваме и сопствен центар за обуки кој се јави како неопходност поради зголемениот број на вработени. Во Македонија посебно би ги истакнала обуките на ЦЕЕД, каде поминале сите наши менаџери, но и голем дел од другите вработени. Од истите сме исклучително задоволни, практично се применливи, многу поучни, а истовремено и забавни”, вели Христина.

funa 1
Христина Фуна, финансиски директор и косопственик на Синпекс (во средина)

Во март годинава, Битолски весник ја прогласи Христина Фуна за жена менаџер за 2013 година. Ова признание Христина го доби во конкуренција од 150 најуспешни битолчани.

“Наградата ми причини големо задоволство затоа што претставува доказ дека со упорна работа и вложување може да се постигнат одлични резултати кои околината знае да ги препознае. Истата ме инспирира кон уште поголеми потфати и ме поттикна да стремам кон повисоки резултати и индивидуално како личност, но најмногу колективно со тимот на СИНПЕКС”.