SION 105 – уред што ја мери количината на флуорид во водата

52

Фото: Pexels

Научници од швајцарскиот истражувачки институт EPFL создадоа преносен уред којшто лесно и евтино ја мери количината на флоурид во водата.

Иако мала количина од оваа супстанца се додава во водоводната мрежа во градовите, доколку истата е над дозволеното може да има негативен ефект, особено врз децата.

Вакви испитувања обично се вршат во добро опремени лаборатории, но со SION-105 сето тоа може да се направи било каде и може да го користи и некој што нема предзнаења од областа.

Материјалот којшто го детектира количеството на флуорид е изработен од метални јони поврзани со органски лиганди. Иако тој е вообичаено светол, кога е изложен на јони од флуорид потемнува, пишува New Atlas.

Корисниците треба само да капнат неколку капки вода на уредот и да ја “измерат“ светлината на материјалот. Оваа технологија е првенствено наменета за земји каде што вакви испитувања не се прават редовно.

SION-105 досега беше успешно тестиран во Виетнам, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.