Siranna: Ултра луксузна дестинација со непрекинат поглед на Црвеното Море

23

На брегот на Акапскиот Залив во Саудиска Арабија се гради Сирана. Станува збор за луксузна дестинација за одмор каде што ќе биде сместен хотел во форма на шестаголник со 65 соби и 35 ексклузивни резиденции.

Тој е дизајниран да изгледа како да излегува од брегот и да се спојува со околината во која се наоѓа, односно со специфичната флора и фауна. Сирана треба да има плажа со базен на повеќе нивоа и ќе нуди непрекинат поглед на Црвеното Море. Исто така, ќе понуди низа опции за забава и релаксација – од врвни ресторани до бањи и велнес-центри.

До хотелот ќе се стигнува со брод, а гостите ќе мора да поминат по скриена патека низ природни карпи пред да стигнат до влезот.

Хотелот е дел од проектот Неом, кој предвидува изградба на модерен град во пустината.

Крајбрежјето на Акапскиот Залив моментално е неискористено и празно, но луксузните проекти што се планираат во следните 10 години целосно ќе го трансформираат овој простор.

Фото:Neom