Сиромашни рибари пронашле “скриено богатство“ од милион долари 

62

Неколку рибари од Јемен, којашто важи за една од најсиромашните арапски земји, во Аденскиот залив пронашле нешто што може да им го промени животот.

Тие во желудникот на безживотно тело на китот пронашле големо парче слузница под името сива амбра. Таа многу ретко може да се пронајде, а достигнува висока цена.

Според пишувањето на ВВС, сиромашните рибари пронашле парче слузница во вредност од милион евра.

Амбрата ја произведуваат китовите во чиј дигестивен систем се излачува за да можат цицачите полесно да проголтаат големи и остри предмети. По дигестијата, китовите ја повраќаат слузницата што се стврднува и плута по површината на морето.

Најчесто се користи во козметичката индустрија поради тоа што им дава долготрајност на парфемите.

Фото: Pexels