Сировата храна подмладува и лечи

141

sveza-hrana-pexels

Фото: Pexels

Летото е период кога најмногу треба да се јадат сирови намирници, затоа што само така се задржуваат сите витамини и минерали кои со термичката обработка делумно се губат.

Кога температурите се ектремно високи, сакаме да го избегнеме готвењето колку што можеме.

Уште една добра работа за сировата храна е што таа го лади организмот, а тоа е повеќе од потребно во летните денови.

Првата работа којашто се губи при готвењето е водата, а најголем процент од нашето тело е составен од вода. Со готвењето се уништуваат 50% од протеините во храната и се менуваат нивните природни својства.

Процентот на изгубени витамини и минерали е од 50 до 80. Со готвењето се губат и ензимите коишто се поттикнувачи на сите хемиски реакции во нашето тело без кои имунолошкиот систем не би функционирал.

Секоја сирова намирница содржи совршена мешавина на ензими за варење што овозможува истата да се свари во целост.

Храната богата со ензими го зајакнува имунолошкиот систем, го одржува организмот здрав и ја поправа штетата којашто настанала со болестите. При тоа се губи тежина полека и без многу труд.

Ако подолго време конзумирате непреработена храна, ќе почнете да се чувствувате и да изгледате помладо, ќе ви треба помалку сон, а кожата и косата ќе станат посјајни и поцврсти.