Систем со вештачка интелигенција за рано откривање срцеви заболувања

70

Фото: Pixabay

Група истражувачи од клиниката Mayo во Минесота успешно тестираа систем со вештачка интелигенција којшто за кратко време детектира срцева дисфункција на левата комора. Досега овој вид на срцево заболување се откриваше само преку долготрајни и скапи тестови, пишува New Atlas.

Се проценува дека помеѓу три и шест проценти од светската популација страда од оваа болест, но нејзиното откривање најчесто е во доцна фаза. Новиот систем беше тестиран на податоци од вкупно 600.000 пациенти заедно со резултати ЕКГ и ехокардиограм.

Системот освен што успешно откри срцева мана кај 85% од случаите, посочи и пациенти кај кои е можно во иднина да се развие дисфункција на левата комора. Преку идентификација на рани промени во ЕКГ-то кај пациентите научниците се надеваат дека овој систем со вештачка интелигенција ќе биде од големо значење за превенирање на срцеви заболувања во иднина.