Сите банкноти на евра ќе заминат во историјата, шефицата на ЕЦБ нареди целосен редизајн

252

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард побарала 19 експерти од членките на еврозоната, по еден од секоја земја, да изберат нов дизајн на банкноти од таа валута до 2024 година, пишува The Telegraph.

Во моментов, банкнотите имаат прозорци, врати и мостови, а ЕЦБ вели дека тие се засновани на различни епохи и стилови.

Новиот дизајн ќе го дизајнира комисија од советници составена од експерти од многу области – од уметници и дизајнери до физичари и археолози, а банкнотите ќе го променат својот изглед.

Откако комисија ќе смисли нови визуелни решенија, ЕЦБ ќе ги стави на јавна дискусија. Следува конкурс, по што ќе се случат дополнителни консултации, а конечната одлука за изгледот на новите евро банкноти ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ, органот кој вообичаено носи одлуки за каматните стапки и слични прашања.