Сите носат тренерки и пижами, нагло намалена продажбата на фармерки

115

Како последица од пандемијата, луѓето ги менуваат навиките, повеќе остануваат дома, па тоа влијае и на начинот на којшто се облекуваат. Ова значи дека лежерната облека, од типот на тренерки, пижами…, ја престигна деловната облека и она што луѓето вообичаено го носат на работа.

“Дури и пред коронавирусот, оние кои работеа од дома рекоа дека најчесто носат иста облека и за на работа и за вежбање и преку викенд“, сметка Марија Руголо, аналитичарка за облека во NPD Group, пренесува Business Insider.

Продажбата на фармерки бележи значителен пад поради пандемијата заедно со другите видови на облека што најчесто се носи за на работа.

“Трендот на фармерки никогаш нема да згасне. Тие се основно парче облека повеќе од 100 години“, смета Руголо, која додава дека иако пандемијата ги стави производителите на фармерки во ризична група, тоа сепак нема да го загрози нивното постоење.

Фото: Freepik