Сите патишта ќе водат во Куба, земјата го шири приватниот сектор

129
Владата во Хавана објави дека приватното претприемништво е дозволено во повеќето сектори, што е значајна реформа за комунистичката земја во чија економија доминира јавниот сектор.
Кубанската влада ќе го прошири списокот на работи што можат да се водат приватно  од сегашните 127 на повеќе од 2.000. Сепак, владата не прецизираше точно за кои активности и сектори станува збор.
Министерката за труд Марта Елена Феито рече дека државата ќе води 124 активности “целосно или делумно“. Таа не откри за кои сектори станува збор, но се претпоставува дека тоа се индустрии важни за државата, како што се медиумите, здравството и одбраната.
“Целта на оваа реформа е приватната работа да продолжи да се развива“, рече  Феито.

Во моментов, повеќе од 600.000 Кубанци работат во приватниот сектор или 13% од работната сила на островската држава, која има 11,2 милиони жители. Повеќето се вработени во секторите на угостителство, занаетчиство, транспорт и туризам.

Куба е една од ретките земји во светот што одби каква било соработка со Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, пред сè поради решеноста на долгогодишниот лидер Фидел Кастро да не потпаѓа под влијание на светските економски институции.

Фото: Pixabay