Сите услуги на Телеком Словенија под еден бренд

54

telekom-slovenijeТелеком Словенија под еден бренд ги стави сите услуги што им ги нуди на своите корисници. Од сега, широкопојасниот интернет, услугите во фиксната и  мобилната телефонија и ICT услугите ќе бидат под еден “чадор” бренд Телеком Словенија. Исклучок се специфичните брендови, како што е брендот за млади Itak, кој на пазарот и понатаму ќе функционира независно, и партнерските брендови што Телеком Словенија ги има во сопственост со други деловни субјекти, како на пример Монета, пишува siol.net.

Mobitel и понатаму ќе биде име за сите услуги во мобилниот сегмент, а под името Siol ќе останат услугите на широкопојасниот сегмент. Со тоа во Телеком ќе заврши процесот што започна со спојувањето на компаниите Телеком Словенија и Mobitel во едно правно лице, во јули 2011 година.

Консолидацијата на брендови, што веќе ја имаат направено повеќето европски телекомуникациски оператори, е одраз на зголемување на меѓусебната поврзаност на услугите, содржините, платформите и продуктите во еден стратешки проект на Телеком Словенија. На тој начин, како што истакна претседателот на Управата Рудолф Скобе, Телеком Словенија планира да се одржи на водечката позиција во Словенија, на пазарите во југоисточна Европа каде што е присутен и да ја зајакне позицијата на Телеком Словенија групацијата како силен регионален телекомуникациски оператор.