Сите возила во ЕУ ќе имаат систем против пречекорување на брзина

47

Европската комисија размислува да воведе регулатива со која сите нови модели на возила ќе треба да се продаваат со вграден систем за спречување на пречекорување на брзина.

Според Вечерњи лист, нацрт-регулативата предвидува првите две години по усвојувањето на правилата за задолжителна инсталација на интелигентни системи за контрола на брзината (ISA), да се однесува само на новите модели на возила што се продаваат на пазарот. 

Во нацрт-уредбата се споменуваат два рока  јули 2022 година и јули 2024 година.

Идејата е сите нови возила да бидат опремени со интелигентен систем што ги препознава сите сообраќајни знаци покрај патот и осигурува дека возачот не ја надминува максималната пропишана брзина. Во нацртот, Комисијата предлага на производителите да им се даде можност да изберат помеѓу четири начини на кои нивниот систем ISA би ги предупредил возачите.

Фото: Pixabay