И оваа година, по втор пат Скопје Сити Мол се претвора во Спортски град. Концептот Спорт Сити е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење. Со овој настан се овозможува поголема заинтересираност за спортот, воедно и поттик на младите за сè почесто да го практикуваат.
Настанот ќе се одржи во времетраење од три дена, од петти до седми јуни оваа година, проследени со богата програма и многу активности, а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени.
Спортските Федерации ќе ги презентираат своите спортови, поддржани и организирани од страна на Сојузот на спортски федерации на Република Македонија.
Промоцијата на спортовите ќе ја најави Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески во 18 часот. Исто така ќе се обратат и Претседателот на Сојуз на спортови на РМ и претставник од менаџментот на Скопје Сити Мол.