Ситуацијата со афлатоксините не се одрази врз продажбата на македонското млеко

21

bimilkСлучувањата поврзани со афлатоксините во млекото, што изминатиот период погодија неколку балкански земји, не се одразија врз продажбата на млекото и млечните производи од млекарници во Македонија.

Од битолската млекарница Бимилк велат дека нема намалување во продажбата и дека компанијата долги години прави контроли на производите што ги пласира на пазарот.

“Аферата не не погоди како компанија. Имаме извозно бројче од 2002 година. Ги почитуваме светските стандарди и сертификати и тие даваат слика на она што го правиме, а тоа е технолошки лидер во Македонија. Продажбата оди напред, не само поради кризата. Цело време вложуваме во нашиот квалитет и сертификатите кои ги применуваме”, изјави денес Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.