Ситуацијата во Србија и БиХ нема да предизвика големи турбуленции во трговијата

22

People look out from their apartments as they wait to be evacuated in the town of Obrenovac, east from Belgrade

Поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина нема да влијаат на трговијата со овие држави, можни се негативни последици само врз транспортот на стоки, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сараќини.

“Од Србија увезуваме пченица, пченка и брашно и ова можеби ќе има некаква последица, но имајќи предвид дека годишно произведуваме околу 270.000 тони пченица што е околу 70% од вкупните потреби, значи дека околу 30% се увоз. Секогаш има можност за алтернативен увоз. Тука се Хрватска, Бугарија и Унгарија, така што мислам дека ова нема да се одрази толку негативно врз трговијата“, рече Сараќини.

Негативни последици, според него, може да се очекуваат во транспортот на стоки поради отежнатото движење во овој регион, што ќе резултира со задоцнување на нарачките.