Сивата економија во БиХ една третина од БДП

16

bihСивата економија во БиХ номинално надминува преку 4,4 милијарди евра и чини третина од бруто домашниот производ, што е највисока бројка во Европа, пишува Капитал.ба. Според оцените на економистите, со влијанието на светската економска криза на слабата економија на БиХ од 2008 до денес зголемен е и уделот на сивата економија во БДП. Како сектори кои најмногу придонесуваат за сивата економија се наведуваат градежништвото, трговијата, производството, туризмот и транспортот.

Во Швајцарија, Австрија, Холандија и Велика Британија сивата економија сочинува 10% БДП, во Хрватска, Романија, Литванија и Естонија 28%, а во Бугарија 31% БДП.