Скандал тежок 288 милиони евра – автомобилски гигант постигна договор со поранешните директори

67

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen (VW), објави дека постигнал спогодба од 288 милиони евра со поранешните челници на компанијата, вклучувајќи го и поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн, во врска со скандалот со дизел скандалот.

Како резултат на спогодбата, околу 270 милиони евра ќе бидат платени од програмата за осигурување од одговорност на Volkswagen за директори и службени лица, вклучително и спогодба со поранешниот директор на Audi, Руперт Штадлер, објави Ројтерс, додавајќи дека спогодбата допрва треба да биде одобрена на годишниот генерален состанок на компанијата, којшто треба да се одржи на 22 јули.

Како дел од договорот, Винтеркорн и Стадлер ќе платат 11,2 милиони евра, односно 4,1 милиони евра. Поранешниот член на Управниот одбор на Audi, Стефан Книрш се согласи да плати еден милион евра, а поранешниот член на Управниот одбор на Porsche, Волфганг Хак 1,5 милиони евра, објави германската компанија.

Фото: Freepik