Филип Ешли, човекот кој стои зад префинетите вкусови, форми и ароми на Philip Ashley Chocolates, со право го заслужува епитетот модерниот Вили Вонка.
Чоколадниот бутик што се наоѓа во срцето на Мемфис, Тенеси, отвора еден магичен свет каде слатките добиваат нова волшебна димензија.
Philip Ashley Chocolates постои од ноември 2013 година и веќе е познато име за сите оние кои не можат да одолеат на чоколадните искушенија. Слатките уживања се рачно изработени, спакувани во мали изданија и составени само од најпрефинети состојки.
Последната колекција на производителот ги надминува сите останати со својата уникатност и скапоценост. Станува збор за совршен микс од карамели полнети со свежо овошје, спакувани како скапоцени камења обложени со 64% темно чоколадо и прав од различна морска сол.