Ски центар од регионот ги “избрка“ гостите, газдата забранил алкохол

230

Скијачкиот центар Ростово, популарен туристички центар којшто се наоѓа помеѓу Нови Травник и Бугојно, е целосно празен во екот на скијачката сезона, јавуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

Причината за ова е многу интересна. Имено, новиот газда забранил точење алкохол, па според тамошните угостители веќе се чувствуваат последиците, бидејќи многу гости ги откажуваат резервациите.

“Имаме нови сопственици и сега не точиме алкохол, затоа нема гости. Немаше ни организирана новогодишна забава“, велат од скијачкиот центар Ростово.

Инаку, новиот газда е од Катар, а тој го презеде центарот во ноември. Сè беше готово на време: патеките беа отворени и имаше доволно снег, сепак, гостите не доаѓаа заради овој “удар“.

Фото: Pexels