Скијачка нација: Минатата зимска сезона продадени 432.000 пара скии

59

Австријците се скијачка нација, што не докажуваат само одличните резултати во овој спорт, туку и продажбата на скијачката опрема.

Минатата зимска сезона во Австрија се продадени вкупно 432.656 пара скии, а тоа е за 4,2 % повеќе од претходната година.

Со оваа бројка, Австрија се наоѓа на второ место во светот за продажба на скии, зад САД, каде се продадени 636.571 пара скии, а зад неа е Франција со 413.963 продадени скии.

Во светот се продадени 3,7 милиони скии, што претставува зголемување за 16,9 %.

Иако бројот на скијачи се намалува во Австрија, 34% од населението скија, вели Гернот Келермајер, претседател на Здружението на производители на спортска опрема, и додаде дека скоро и да не постои друга нација каде има толку многу скијачи.

Фото: Pexels