Скијачкиот сектор „се лади“: Производството на скии во ЕУ потона за 19%!

Во 2024 година, земјите од Европската Унија произведоа 4,4 милиони пара скии и сноуборди, што е намалување од 19 проценти во споредба со 2023 година. Речиси 40 проценти од овие артикли (1,7 милиони) беа произведени во Австрија.

Околу два милиони пара скии и сноуборди беа извезени во земји надвор од ЕУ, што е намалување од 19 проценти во споредба со 2023 година (2,4 милиони). Што се однесува до увозот, увезени се 1,2 милиони скии и сноуборди, што е намалување од 35 проценти во споредба со претходната година (1,9 милиони), објави Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Меѓу земјите од ЕУ, Австрија беше најголем извозник со 0,9 милиони пара скии и сноуборди, по што следуваа Франција (0,3 милиони) и Германија (0,2 милиони). Австрија, исто така, го зазеде првото место како најголем увозник (0,7 милиони), пред Германија (0,2 милиони) и Франција (0,1 милион).

Во однос на извозот во земји надвор од ЕУ, околу две петтини од извезените скии и сноуборди беа наменети за Соединетите Американски Држави (0,7 милиони, или 38 проценти од вкупниот извоз надвор од ЕУ), по што следуваат Швајцарија (0,3 милиони, 14 проценти) и Канада (0,2 милиони, 11 проценти).

Увозот од земји надвор од ЕУ доаѓаше главно од Украина (0,4 милиони; 38 проценти од увозот), по што веднаш следуваа Кина (исто така 0,4 милиони; 38 проценти), Тајван (82.000; осум проценти) и Швајцарија (56.000; пет проценти).
Фото: Pixabay