Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 во вредност од 20,7 милијарди долари

78

Конзорциум составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија на Абу Даби склучија договор вреден 20,7 милијарди долари.

Ова го соопшти Националната нафтена компанија на Абу Даби (ADNOC).

Со овој договор се предвидува вложување на конзорциумот во износ од 10,1 милијарди долари во стекнување на 49 % од акциите во новооснованата подружница ADNOC гасоводи, како и со стекнување на право на закуп на 38 цевководи, пренесува CNBC.

ADNOC ќе има мнозински удел во новоформираното претпријатие од 51% и ќе го задржи сопствеништвото над гасоводите. Исто така ќе управува со тргувањето и ќе биде надлежен за капиталните расходи.

Ова е најголема инвестиција во енергетската инфраструктура во регионот на Персискиот залив и најголема во светот во 2020 година.

Фото: Facebook