Škoda произведе еден милион возила во една година

10

skoda

За прв пат во корпоративната историја на Škoda, произведени се повеќе од еден милион возила во една календарска година. Во главната фабрика во Млада Болеслав, јубилејниот автомобил – Škoda Fabia 1.2 TSI/81 kW, излезе од производната лента. Со ова достигнување, чешкиот производител на автомобили ја потврди својата меѓународна стратегија за раст.

“За прв пат во 119-годишната историја на нашата компанија, Škoda ја премина магичната граница од еден милион возила кои беа произведени во една година. Со ова достигнување брендот и целиот тим може да се гордее. Но, ние тука нема да застанеме и безгрижно да уживаме во овој успех. Škoda ќе продолжи да расте”, изјави извршниот директор на Škoda, д-р Винфрид Валанд.

Во април 1991 година, брендот се приклучи кон Volkswagen групацијата, со што Škoda шест пати ја зголеми продажбата. Брзото оживување на легендарниот автомобилски бренд беше импресивно – од компанија сместена во срцето на Европа, па се до меѓународно успешен производител кој во моментов има голема гама составена од седум сериски модели и над 40 варијации на истите. Важен столб на растот во последните неколку години е развојот на новите пазари надвор од Европа. Во почетокот на 90-тите, чешкиот бренд сè уште еднострано се фокусираше на домашниот пазар и во земјите од Централна и Источна Европа. Денес, Škoda ги продава своите производи во над 100 земји од целиот свет. Кина е најголем пазар на брендот од 2010 година. Во првите единаесет месеци од оваа година, продажбата на кинескиот пазар изнесува една четвртина од вкупната продажба на Škoda.